Гимназијалецот од Корчагин, Марко Марковиќ, со максимален број на поени стана Microsoft office specialist на Македонија

Гимназијалецот од Корчагин, Марко Марковиќ, со максимален број на поени стана Microsoft office specialist на Македонија


   
Вкупно 1430 кандидати од цела Македонија, во период од ноември 2015 до мај 2016, полагаа 1960 тестови за Word, Excel, PowerPoint од MS Office 2010 и 2013. Сите оние кои ги положија тестовите се стекнаа со глобално признаени сертификати, како потврда за основната IT писменост која денес станува потреба во секој процес на развој на професионалните способности.

Марко Марковиќ, за 18 минути и 25 секунди освои 1000 поени полагајќи PowerPoint 2013 тест. Во натпреварот Марко се вклучува пред еден месец кога прв пат го полага тестот и се квалификува за финалето.

Ученик е во Гимназијата Раде Јовчевски Корчагин, Скопје во втора година со интерес да го избере Природно математичкиот смер во наредната година. 

Негов ментор е Професорот по информатичка технологија и програмски јазици Жаклина Прекиќ која заедно со уште двајца професори од гимназијата подготвиле 80 ученици за тестирањето, од кои во финалето беа квалификувани 10тина ученици.

ВО АВГУСТ ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА НА СВЕТСКИОТ НАТПРЕВАР ЗА MICROSOFT OFFICE SPECIALIST

Марко накратко изјави дека е многу возбуден што ја освои титулата и се надева дека успешно ќе ја претставува Македонија на светското финале во Америка. Најголема благодарност Марко изразува за менторот и за семејството со чија поддршка стигна до финалето.

Финалниот натпревар се одржа во i-bank store на Стопанска банка АД – Скопје, која целосно ќе ја обезбеди главната награда: патување на светскиот натпревар во Дизниленд, Орландо Флорида, на победникот кој ќе ја понесе титулата Microsoft Office Specialist на Македонија.

„Како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, поддршка за натпреварот обезбедуваме затоа што ја препознаваме потребата кај младите, родени во дигиталната ера, не само да бидат вешти во совладување на достапната технологија, туку и да се носители на развојот на технологијата од иднината.