Големо откритие кое конечно ќе докаже како се создал животот на Земјата

Големо откритие кое конечно ќе докаже како се создал животот на Земјата

Подготвил: Тамара Гроздановски

Научниците за прв пат откриле органски клучни елементи во комета, со што се потврдува теоријата дека небесните тела, биле донесени на Земјата многу одамна, изјавија научниците.

 

наука


Леталото „Rosetta“ на Европската вселенска агенција неколку пати ја детектирала аминокиселината глицин со чијашто помош живите организми ги синтетизираат протеините, во облак од гас и прашина околу кометата „67P/Čurjumov-Gerasimenko“.

Глицинот претходно бил откриен во примероци кои паднале на Земјата во 2006 година од кометата „Wild 2“. Но, примероците откриени во американската сојузна држава Јута биле контаминирани, со што биле отежнати научните анализи.

„Фактот дека е откриен глицин во повеќе комети покажува дека ниту „Wild 2“, ниту „67P“ не се исклучоци“, изјави Катрин Алтвег од универзитетот во Берн, водич на истражувањето објавено во магазинот „Science Advances“.

Откритието укажува на тоа дека глицинот е вообичаен елемент во делови од вселената каде настануваат ѕвездите и планетите, вели Алтвег.

„Аминокиселините се насекаде и животот би можел да се појави во било кој дел од универзумот“, изјави таа.

Нејзиниот тим пронашол и фосфор, клучен елемент во сите живи организми, како и други органски молекули во прашината околу „67Р“.

Ова е прв пат околу комета да биде пронајден фосфор. Научниците долго време дебатираат за околностите кои довеле до појава на живот на Земјата пред неколку милијарди години, вклучувајќи ја и хипотезата дека кометите и астеродите со органски елементи паднале во океаните на Земјата во раните фази на нејзината историја.