На пазарот пристигнува часовникот кој ќе сакаат да го имаат сите

На пазарот пристигнува часовникот кој ќе сакаат да го имаат сите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Минатата година британскиот дизајнер Џош Реноуф ги најавил неговите планови да го создаде „Barisieur“, комбинација од аларм часовник и кафемат кој ќе ве пробуди и ќе ве послужи со утринско жешко кафе.

 

кафе


„Користејќи ја индукцијата на греење и нерѓосувачкиот челик, овој пронајдок дава прекрасен мирис од вашето омилено кафе додека вие се будите и го започнувате денот. Пронајдокот дури има и место за складирање мелко и шеќер“, објаснува Џош Реноуф.

Сега Џош најавува дека првите нарачки за овој пронајдок можат да бидат напарвени преку „Kickstarter“. Тој се обидува да собере 555.000 долари со нивната кампања, а првите 300 аларми-кафемати ќе можат да се порачаат за пониска цена од 292 долари.