Полските ученици ќе учат за значењето на НАТО за нивната држава

Полските ученици ќе учат за значењето на НАТО за нивната држава

Подготвил: Тамара Гроздановски

Полска

 

Полските власти планираат на училиштата да им дадат можност во наредните два месеци да држат часови за тоа каква улога игра НАТО во функционирањето на нивната држава.


На полските училишта дадена им е наставна програма која ја опфаќа темата како што е учеството на полските војници во мисиите на НАТО во Авгтанистан, како и процесот на донесување одлуки на Пактот за распоредувањето на воените бази на полска територија.

Претставникот на Министерството за внатрешни работи на Полска соопштува дека книгите на оваа тема веќе започнуваат да се дистрибуираат во полските училишта и библиотеки.

Лекциите ќе вклучуваат учење за фундаменталната улога на НАТО во независноста и суверенитетот на Полска.

На почетокот на јули во Варшава ќе биде одржан самитот на НАТО. Генералниот секретар Пакта Јенс Столтенберг изјави дека на самитот ќе се донесе одлука за проширувањето на воените сили на источното крило.

Полска влезе во НАТО во март 1999 година, а пред неколку дена, во населбата Редзиково започна изградбата на американскиот ракетен одбранбен систем.