Тешките почетоци на најуспешните луѓе

Тешките почетоци на најуспешните луѓе

Подготвил: Драгана Петрушевска

Дали ви се случило да имате феноменална идеја, а кога сте ја раскажале на другите, ве исмејувале или ве тешеле дека „еден ден“ можеби такво нешто ќе биде можно? И покрај тоа, не треба да дигнете раце, а за тоа нека ви бидат инспирација и некои животни приказни на најуспешните личност во историјата.


Алберт Ајнштајн - Момчето кое поставувало бесмислени прашања

Сите знаеме за Теоријата на релативност на Алберт Ајнштајн. Името на овој научник стана синоним за висока интелигенција. Но, некогаш тоа не било така. Кога бил дете, го сметале за дете со заостанување во развојот бидејќи започнал да зборува во 4-та година. Во основно училиште поставувал бесмислени прашања наместо да го совладува материјалот предвиден со наставниот план.

Бенџамин Франклин - Го напуштил училиштето и учел сам

Франклин како десетгодишник морал да го напушти училиштето бидејќи родителите немате доволно пари за неговото образование. Меѓутоа, тој не сакал да заврши како чистач на чевли или продавач на весници, па учел сам. Читал се` што му дошло под рака и впивал знаење како сунѓер. Кога пораснал го измислил громобранот, а освен тоа, бил еден од основачите на Соединетите Американски Држави.

Опра Винфри - Злоупотребувана како дете, а денес една од највлијателните жени

Како дете била жртва на сексуална злоупотреба, забременила во 14-та година и го изгубила бебето. Звучи како типична тема за шоу емисија, но станува збор за животната приказна на Опра Винфри. Многу би се разочарале од животот доколку ги имале нејзините искуства, но таа не се предала, туку се борела за себе и сопствениот успех. Денес, таа е една од највлијателните жени на светот.

Мајкл Џордан - Тренерите не го сакале бидејќи не бил доволно висок

Мајкл Џордан уште како момче мечтаел за тоа да стане професионален кошаркар, но во училиштето ниту еден тренер не сакал да го прими во тимот затоа што, наводно, не бил доволно висок. На крајот, тој влегол во кошаркарски камп со врски. Тогаш бил забележан. На крајот станал еден од најдобрите и најуспешни кошаркари на светот. „Форбс“ наведува дека има богатство од 1,14 милијарди долари.

Волт Дизни - Добил отказ бидејќи „не бил доволно креативен“

Творецот на Мики Маус ја изгубил работата во весник бидејќи не бил доволно креативен. Ниту неговите цртани јунаци на почетокот не биле најдобро прифатени. Во една критика на неговите стрипови пишувало: „Премногу страшно за жените“. За среќа, тој не ги послушал критичарите. Тој ја основал империјата „Волт Дизни“.