Зошто не ја напиша домашната задача? - Му ја дадов на еден бездомник за да си запали оган

Зошто не ја напиша домашната задача? - Му ја дадов на еден бездомник за да си запали оган

Ако отидете кај професорот и со наведната глава се извините и објасните дека кучето ви ја изело домашната на која работевте цела ноќ тешко дека ќе ви поверува, но ако кажете дека вашето сакано куче починало можеби и ќе успеете.



Џон Кари, професор по информатика на колеџот Бат состави листа на најчудните изговори со кои се сретнал, но не можел да ги одбие бидејќи имале смисла: 

Ме киднапираа терористи и пред неколку часа ме ослободија, па поради тоа не можев да ја завршам домашната работа на време.

Не ја напишав бидејќи не сакав да ви отварам работа

Бубалиците ми ја украдоа за да бидат сигурни дека нивната е најдобра.

Вчера ни снема тоалетна хартија дома и тако ми несакајќи ја однел во тоалетот.

Мајка ми ја зема за да ја урами.

Ми беше во задниот џеб, но еден џепчија ми ја украде.

Му ја дадов тетратката на еден колега да препише но не ми ја врати и сега незнам каде е.

Ми снема боја во принтерот.

Го оставив листот со домашната во фармерките и мајка ми ги испрала а листот не го извадила.

Не ја напишав домашната за денеска бидејќи цела ноќ ја пишував претходната домашна што ни беше за вчера

Кога доаѓав навака задува ветар и го однесе листот.

Ми влезе шампон во очите и не можев да гледам.

Му ја дадов на еден бездомник за да си запали оган

Шерон не ја напиша домашната, поради видот, таа едноставно не виде причина зошто би ја напишала.


Еден колега падна во езерото и јас се фрлив за да го спасам, но за жал ми се уништи домашната. 

Верувале или не многу професори честопати ги затвараат очите пред ваквите лаги. Се чини дека ваквите изговори се успешни во Македонија на Балканот, па и во некои земји од Европа и секако во САД. Сепак студентите од истокот не успеваат да се извлечат така лесно.

Пред некое време светот слушна за приказната на студентот од Индија, кој не само што беше помешан со шпиун и беше затворен во Кина туку мораше и да ја убедува професорката во вистинитоста на неговата приказна за да му дозволи да ја донесе домашанта задача наредниот ден.