Зошто плескањето на детето не е добро?

Зошто плескањето на детето не е добро?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Нова анализа од 50-годишно истражување открива дека удирањето на децата е лошо за нив.


Имено, 80% од родителите сметаат дека тепањето не е добро, но „плескањето“ е добро за децата. На оваа тема се дебатира одамна и многу од децата сега и порано се удирале, односно плескале.

Од многу родители ќе го слушнете и она: „Па и мене е тепале, па излегов добар/добра!“. Но, научниците велат дека тоа не е точно - овие родители не изглегле добри туку станале личности кои им веруваат на своите заклучоци наместо на доказите.

Истражувачите велат дека многу родители ги удираат своите деца бидејќи сметаат дека „плескањето“ не е исто што и физичката злоупотреба, а ова мора да се промени.

Не постои ниту еден доказ дека физичката болка „функционира“ во поправањето на однесувањето, а постојат многу докази кои покажуваат дека ефектот е спротивен, односно тоа ги прави децата насилни.