Можни научни објаснувања за феноменот дежа ву

Можни научни објаснувања за феноменот дежа ву

Подготвил: Драгана Петрушевска

Дали некогаш сте имале дежа ву? Тоа е чувството дека претходно веќе сте биле во истата ситуација и сте го имале тоа искуство кое ви се случува. Дежа ву значи „веќе видено“ на француски јазик, а се работи за феномен кој го имаат приближно две третини од луѓето. Никој не знае зошто се појавува овој феномен, но научниците имаат некои теории.


Лекови

Едно истражување објавено од „Journal of clinical neuroscience“ открива дека еден маж доживеал дежа ву повеќепати откако испил лекови за настинка кои содржеле амантадин и фенилпропаноламин. Откако престанал да ги пие лековите, престанал да има дежа ву.

Вашиот мозок „го скратува патот“

Теоријата, за која е пишувано во „Psychology today“ вели дека вашиот мозок се обидува да ви помогне кога сте во нова ситуација со тоа што прави „кратенка“ до долготрајната меморија. Дежа ву се објаснува како „грешка“ во префрлањето од краткотрајната и долготрајната меморија во мозокот според теоријата.

Вашите соништа се мешаат во реалноста

„Psychology today“ објаснува дека многу луѓе имаат чувство дека нешто им е познато од соништата. Ова чувство можеби е поврзано со чувството кое го имаме кога добиваме дежа ву.

Се активира посебен дел од мозокот

Делот од мозокот кој има функција да препознава познати ситуации во околината се активира кога имаме дежа ву додека делот од мозокот кој е одговорен за помнењето не се активира притоа, според една теорија. Така, имаме чувство дека нешто ни е познато, но не знаеме зошто и од каде.

Се наоѓаме во паралелен универзум

Во едно видео за дежа ву, теоретскиот физичар Мичио Каку го поставува прашањето дали се наоѓаме во паралелен универзум. Одговорот е нејасен. Сепак, физичарите најчесто се согласуваат дека феноменот е поврзан со меморијата и мозокот наместо со универзумот.