Одлични опции на Facebook кои не знаевте дека може да ги користите

Одлични опции на Facebook кои не знаевте дека може да ги користите

Подготвил: Драгана Петрушевска

„Facebook“ е како утринско кафе за повеќето од нас. Се будиме вклучувајќи го телефонот и проверувајќи што има ново на социјалната мрежа. Но, иако го користиме често и долго, многумина од нас не ги знаат сите опции кои ги нуди мрежата.


Барање пријатели во близина

„Facebook“ нуди опција за барање на пријателите кои во моментот се во ваша близина. Тоа е корисно кога се наоѓате на ново место и сакате да најдете друштво. Важно е да ја вклучите локацијата и историјата во апликацијата на „Facebook“ за да имате пристап до оваа опција.

Наоѓање места во близина

Може да барате ресторани, хотели, кафулиња, клубови и музеи во апликацијата „Facebook“ со користење на опцијата „Nearby places“.

Чувајте линкови за да ги прочитате подоцна

Доколку имате слаб интернет или немате време да прочитате нешто, може да ги зачувате објавите кои излегуваат на почетната страница на „Facebook“ со „Save link“.

„На овој ден“

„Facebook“ го набљудува вашиот профил и ви покажува фотографии од минатото кои се случиле токму тој ден.

Видете што е популарно

„Facebook“ објавува трендови за повеќе теми и луѓе врз основа на нивната популарност. Листите „Trending“ може и да се персонализираат, а ќе ги пронајдете на горната десна страна на почетната страница. Во апликацијата на „Facebook“, треба да ја отворите апликацијата „Trending“ во апликациите.

Активности 

Оваа опција ја покажува историјата на сите работи што сте ги направиле на вашиот профил на „Facebook“.

Профилната слика како емотикон

Емотиконите се интересен начин на кој може да се изразите или да кажете нешто без да користите зборови. Може и да користите профилна фотографија како емотикон. Се` што треба да направите е да го копирате ID-бројот од линкот од профилот и да го напишете вака: [[број на профил]] и притиснете „Enter“.