Свечено доделен TEDQUAL сертификат на Универзитетот за туризам и менаџмент од  Скопје

Свечено доделен TEDQUAL сертификат на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје

Потврда за високиот квалитет во наставната програма

Во рамките на 103-тата седница на извршниот совет на Светската туристичка организација што се одржа во Малага, Шпанија, на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје свечено му беше доделен TEDQUAL сертификат.

Станува збор за Сертификат на UNWTO и THEMIS фондацијата со кој се потврдува квалитетот во наставната програма, а Универзитетот за туризам и менаџмент е 76-тиот Универзитет во светот кој го добива овој сертификат, што само укажува на нивото на квалитет на оваа институција.



Сертификатот на Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент Проф.д-р Аце Миленковски лично му го додели Генералниот секретар на Светската туристичка организација, г-дин Талеб Рифаи, кој при доделувањето истакна дека е горд поради тоа што доделува вакво признание на Универзитет на кој и самиот е Professor Honoris Causa.

TedQual Сетификатот е наменет за програмите за високо образование во туризмот во временски период од три години, односно од 2016 до 2019 година, а се однесува за прв и втор циклус на студии, односно Сектор за управување на Факултетот за туризам, при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, кој воедно е и активен член на Светската туристичка организација.

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје е првата високо образовна институција од Република Македонија која се стекнува со ваква диплома, која на недвосмислен начин го осликува квалитетното работење на УТМС, односно на Факултетот за туризам, за што впрочем говорат и резултатите односно извештајот на ревизорот од UNWTO, TedQual.



Добивањето на UNWTO, TedQual Сертификатот следуваше по неколку месечно скенирање на работата на Факултетот за туризам од страна на надлежните во UNWTO- Themis фондација, која што функционира во рамките на Светската туристичка органиазација, по што следуваше и официјалното известување.