Вработување во ШПАРКАСЕ банка... Отворени се 2 (две) работни позиции, почетна нето плата до 42.000,00 денари

Вработување во ШПАРКАСЕ банка... Отворени се 2 (две) работни позиции, почетна нето плата до 42.000,00 денари

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободни работни позиции

1. САМОСТОЕН СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ (1 позиција во Скопје, неопределено време со вклучена пробна работа од 6 месеци)
2. СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ (1 позиција во Скопје, неопределено време со вклучена пробна работа од 6 месеци)

1. САМОСТОЕН СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ (1 позиција во Скопје, неопределено време со вклучена пробна работа од 6 месеци)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- ВСС, Економски или Правен Факултет;
- Минимум 3 години работно искуство во Банка;
- Добро познавање на банкарските продукти и работење, одлично познавање на финансиската анализа и процена на бонитетот, анализа на финансиските показатели, основи на законот за облигации, основи на законот за девизно работење, основи за документарните работи, основи на закон за трговски друштва;
- Вештини за комуникација со клиенти;
- Аналитичко размислување и вештина за решавање на проблеми;
- Способност за планирање и одлулување;
- Активно познавање на работа со персонален компјутер (MS Office);
- Активно познавање на англиски јазик;
- Возачка дозвола Б категорија;

Опис на работното место/одговорности:
- Се грижи за постоечките клиенти и превземањето на нови клиенти имајќи го предвид ризикот, профитот и големината на пласманот ("претприемач во претпријатието");
- Одговара за остварување на поставените цели: волумен, приходи, cross-selling, профитабилност, ниво на доцнење и ниво на резервации;
- Активно ги користи сите апликации и системи во Банката;
- Подготовка на стратегија за соработка со клучните клиенти, кој вклучува начини да се зголеми обемот на производи и услуги кои клиентот ги користи, како и подобрување на профитабилноста. Презентација и усогласување на стратегиите со стандардите на групацијата;
- Ги дефинира потребите на клиентот и врши структуирање на кредитирањето (преговори за роковите, каматни стапки, обезбедување итн.);
- Врши таргетирање на соодветните клиенти на пазарот;
- Врши продажба на сите продукти во Банката (со посебен акцент на ризичните продукти);
- Активно контактирање со сите клиенти;
- Изработка на кредитна апликација и финансиска анализа;
- Одговорен е за навремено плаќање на обврските на своите клиенти;
- Врши мониторинг на пласманите;
- Тесно соработува со Групацијата за стратегиите за клиентите, како и на усогласување на понудите за клиентите;
- Учествува во подготовка и реализација на прекугранични кредити по дефинирана процедура на Банката и Групацијата;
- Врши идентификација на потенцијалните ризици и/или можности поврзани со одреден клиент;
- Градење на односи со клиентите за поттикнување на нови и повторливи бизнис можности;
- Прави планови за унапредување на Секторот заедно со претпоставените;
- Дава предлози за нови продукти и соработува со другите оддели за нивна имплементација;
- Врши обука на помладите стручни соработници во Дирекцијата и им помага на соработниците во разговорите со клиентите;
- Извршува и други обврски и има други одговорности на барање на претпоставениот;

Работно време: од 08:00 до 16:00 часот (понеделник – петок), 40 часа неделно. Почетна основна месечна нето плата: 42.000,00 денари.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 06.06.2016.

Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.

2. СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ (1 позиција во Скопје, неопределено време со вклучена пробна работа од 6 месеци)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

- ВСС, Економски Факултет;
- Минимум 3 години работно искуство во Банка или друга финансиска организација на активности на финансиско и регулаторно известување;
- Познавање од областа на финансиите, сметководството, ИФРС стандарди, финансиски извештаи и регулатива поврзана со овие активности;
- Способност за индивидуална и тимска работа и желба за учење, напредок и усовршување;
- Способност за презентација на статистички податоци;
- Аналитичност;
- Иницијатива, упорност, одговорност, организираност, самомотивираност;
- Проактивен и професионален пристап во работата;
- Чесност и лојалност;
- Напредно познавање на работа со персонален компјутер (MS Office со акцент на excel);
- Активно познавање на англиски јазик и/или германски јазик;

Опис на работното место/одговорности:

- Изготвување и контрола на финансиски извештаи согласно законската регулатива на РМ на ниво на Банка;
- Изготвување извештаи за потребите на Групацијата согласно МСФИ;
- Составување на извештаи во согласност со потребите на интерната и екстерната ревизија;
- Составување и контрола на извештаи за НБМ, Државен завод за статистика, Комисија за хартии од вредност, Фондот за осигурување на депозити и други овластени институции;
- Познавање на законската регулатива и прописите од областа на сметководство и финансиско извесување (интерни и екстерни);
- Познавање од водење на материјално и финансиско сметководство;
- Соработување со другите служби во доменот на формулирање на содржината на извештаите;
- Ги следи и применува законските прописи и интерните прописи на Групацијата;
- Изработка на програмски барања и решенија од доменот на Дирекцијата и учество во тестирање на истите;

Работно време: од 08:00 до 16:00 часот (понеделник – петок), 40 часа неделно. Почетна основна месечна нето плата: 35.000,00 денари.