Какво време да очекуваме до крајот на неделата?

Какво време да очекуваме до крајот на неделата?

Денес е среда, 1 јуни 2016 година, 153-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:56, а ќе зајде во 20:05 часот. Денот ќе трае 15 часа и 8 минути.



Во Македонија ова утро имаме умерено облачно време со сончеви периоди, а во источните, југоисточните и јужните предели претежно сончево време.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Околу пладне намалување на облачноста за да попладне повторно се зголеми облачноста и развој на нестабилна облачност која во доцните попладневни часови во западните, северозападните и северните и во вечерните часови и во североисточните предели ќе донесе локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 6 до 15 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20 односно до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне зголемување на облачноста која во доцните попладневни часови ќе услови врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 12 степени, а максималната дневна до 28 степени.

МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА - Во Македонија во четврток претежно сончево со локална облачност и топло со температури од 21 до 32 степени. Во петок претпладне претежно сончево, попладне со услови за локални врнежи од дожд. Максималните температури ќе се движат од 20 до 31 степен. Во сабота претпладне претежно сончево, попладне со локални врнежи од дожд. Максималните температури од 21 до 32 степени.

Weather4all.com.mk