Јавен оглас за сите невработени лица во социјален ризик
Врз основа на Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активните програми и мерки за вработување за 2016 година и Оперативниот прирачник за Програмата за условен паричен надоместок (УПН) за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик, Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 02.06.2016 година, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за
регистрирани невработени лица заинтересирани за учество во Програмата за условен паричен надоместок за субвенционирано вработување на лица во социјален ризик
Се повикуваат евидентираните невработени лица (целна група) и тоа:
1) Корисници на социјална парична помош
2) Лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа (корисници на парична помош 18-26)
3) Лица кои биле корисници на програмата Условен паричен надоместок за средно образование
4) Членови на семејства корисници на едно од следниве права: постојана парична помош, и детски додаток
5) Жртви на семејно насилство кои се сместени во шелтер центри или чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика
6) Лица кои биле корисници на државна стипендија во последните 15 години и чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика
7) Лица до 29 години чијшто месечен семеен приход по член на семејство во годината пред годината во која аплицираат е понизок од 50% од последната просечна нето плата објавена од Државниот завод за статистика
да аплицираат за учество во програмата која вклучива месечна субвенција на бруто плата, со обврска работникот да се задржи дополнителни шест месеци на работа
-Субвенцијата ќе се исплаќа во два износа – еден понизок за лицата кои немаат квалификации и еден повисок за оние лица со повисок степен на образование или кои ќе бидат вработени на места на кои се извршуваат покомплексни работни задачи. Понискиот износ на субвенцијата е бруто месечна плата од 14.900,00 МКД по вработено лице, а повисокиот износ на субвенцијата е бруто месечна плата од 17.000,00 МКД по вработено лице и овие износи ќе се исплаќаат во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционирано вработување. Дополнително на ова, во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционираното вработување, на работодавачот ќе му се исплаќаат по 5.000,00 МКД по вработено лице преку оваа програма и истите ќе бидат наменети за покривање на трошоците за обука и материјали.
-Работодавачот нема да смее на вработените да им исплаќа плати пониски од добиената субвенција во периодот од 6 месеци субвенционирано вработување.
-Заинтерисираните невработени лица пријави можат да поднесат во работните клубови на 30-те Центри за вработување во РМ најдоцна до 02.07.2016 година.
-Доколку нема доволен број на пријави, Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе ги повика лицата кои ги имаат потребните квалификации и истите ќе бидат директно вклучени во програмата
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30 Центри за вработување во Република Македонија.
Критериуми за селекција на корисници:
-Апликантот мора да припаѓа на целната група наведена во Јавниот оглас.
-Апликантот мора да биде регистриран како невработено лице во Агенцијата за вработување на Република Македонија кое активно бара работа.
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА