Илон Маск: Човекот ќе патува на Марс во следнава деценија

Илон Маск: Човекот ќе патува на Марс во следнава деценија

Подготвил: Драгана Петрушевска

Илон Маск не цели кон Месечината, тој цели кон Марс. Тој се надева дека луѓето ќе патуваат таму за помалку од десет години.



Неделава, тој учествувал на конференција, на која изјавил дека со почеток во 2018 година, тој ќе испрати мисија на Марс со ракетата „Flying dragon V2“. Оваа ракета е наменета за носење астронаути до Меѓународната вселенска станица, но исто така ќе се искористи за Марс во 2018. Доколку летот е успешен, Маск сака да започне со носење луѓе на Марс.

- Доколку работите одат по планираното, би требало да испраќаме луѓе до 2024, кои ќе пристигнат во 2025 - изјавил Маск.

Но, луѓето можеби не би патувале дотаму со споменатата ракета, која според Маск не е идеална за луѓето, со оглед на тоа што патот дотаму би траел шест месеци.

Маск додал и дека патувањето до Марс ќе биде еднонасочно. Сегашниот модел од ракетата не е способен да се врати на Земјата.

Претприемачот планира да работи на карго летови до Марс од 2018 до 2024 пред да се испрати поголемо летало со луѓе.

Инаку, Маск работи на патувањето во вселената, поточно Марс, од 2014. За него, со тоа се прошируваат можностите за нашиот свет.