Опасниот фестивал Онбаширо во Јапонија

Опасниот фестивал Онбаширо во Јапонија

Подготвил: Драгана Петрушевска

Фестивалот Онбаширо во Јапонија е еден од најчудните во светот. Имено, локалните жители поместуваат огромни дрва користејќи ја својата сила.


Дрвата прво се сечат, а потоа се поместуваат во повеќе опасни и драматични фази до древниот храм Шинто каде што остануваат како симболична потпора. Сето тоа се случува во еден регион околу езерото Сува во Нагано.

За време на фазата на сечење на дрвата, најхрабрите млади луѓе ги држат огромните стебла додека се лизгаат по ридот. Повредите се чести за време на фестивалот, но изненадувачки, не бил забележан смртен случај. Оваа традиција се одржува на секои шест години повеќе од 1.200 години.