Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Интервју со Марија Митровска - Практикант во "Кроација осигурување - неживот"

 
Марија Митровска е студент на Економскиот факултет Скопје и моментално е на пракса во Кроација осигурување - неживот.

marija-mitrovska

 

Факултети мк: Како се случи првичната комуникација со компанијата со Кроација осигурување - неживот?

 

Јас сум студент на Економскиот факултет, во Скопје. Тоа е факултет кој има соработка со реномирани компании каде и имаме можности за остварување на праксите. Иако Кроација како бренд ми беше познат од претходно, конкретната комуникација се оствари прек ФБ страната т.е. огласот кој го споделија на ФБ за практикантска работа.

 

Факултети мк: Станува збор за компанија која постои на пазарот веќе 130 години. Дали тоа Ви беше предизвик, Ви влеа сигурност и желба да станете дел од нејзиниот тим? Предизвик ми е се`уште.

 

Освен тоа е и голема одговорност. Да влезеш како почетник во една компанија како Кроација, значи да се посветиш на задачите и да мислиш вон концептот научен од книгите. Кога ја гледма целосната слика за компанијата, тоа е единствениот начин да останеш тука, да се најдеш себеси на работното место. Само со континуирано работење на себе. Моите обврски се во делот на финансиите, а за да стигнам до таму имаше обемен процес каде ги поминав сите служби, за да знам како моето дневно работење се рефлектира насекаде. Важно е тоа. Да го почуствуваш крвотокот на целата компанија и да знаеш дека секој дел е поврзан со другиот дел. Затоа сум сигурна дека сум го направила правиот избор што долучив да бидма дел од овој тим. Ни една работна позиција во Кроација, не е само тоа – обична работна позиција. Секој дел си е поврзан и секој може да ја види целосната слика. А важно е да гледаме подалеку од носот, нели? (се смее)

 

Факултети мк: Колку сте задоволни од соработката со нив?

 

Ќе се надоврзам на претходното прашање, искуството е непроценливо. Можноста да соработувам со сите сектори и служби и сите нивоа на менаџментот, ми створија слика за тоа што претставува една компанија и како функционира во една вакво динамично опкружување. На почетокот како една од првите практикантки, ми беше збунувачки имав и доза на страв како ќе се нсјадма што се очекува од мене, како ќе успеам...Ама сето тоа е зад мене. Имам среќа што работам со Амила и Оле, кои и со искуството и советите, допринесуваат кон мојот развој.

 

Факултети мк: Компанијата вели дека со модерни деловни решенија создава темели за сигурна иднина и на тој начин ја обезбедува својата лидерска позиција. Како "Кроација осигурување / неживот" ги препознава вистинските вредности кај своите вработени и како ги наградува?

 

Во време кога имаме невидена побарувачка за работни места, имате една компанија која секој вработен го третира на еден нетипичен начин. Во секое време се поттикнува усовршување започнувајќи од обуки, семинари, дури и школување доколку е потребно. Исто така, Кроација има и Програма за наградување на вработените т.е се бира работник на месецот, со цел поттикнување на вредностите во кои компанијата верува – модерно, традиционално, брзо и ефикасно.

 

Факултети мк: "Кроација осигурување / неживот" стручноста во секојдневното работење ја креира и зацврснува со едукација и проактивен пристап кај вработените. Што бара компанијата од своите вработени?

 

Верувам дека потребите се разликуваат од работните позиции. Она што е заедничко за сите е фокусот кон подобрување на процесите. Убаво е кога секојдневното работење е целосно насочено кон континуирано подобрување на услугите, производите, вклучително и интерните процеси и меѓучовечки односи.

 

Факултети мк: Колку "Кроација осигурување / неживот" е заслужна за градење на Вашата понатамошна кариера?

 

Се`уште сум практикант во Кроација. Предизвик ми е еден ден да работам во компанија слична на Кроација, која ќе ги цени квалитетите на скеој вработен поединечно и која допринесува за професионалниот развој како и напредок.
 
Објавено на 06.06.2016 во категорија Живот
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook