Најлудите барања на студентите во 2016 година

Најлудите барања на студентите во 2016 година

Подготвил: Тамара Гроздановски

student

 

Да нема оценки, да го нема Шекспир и различни луди барања на студентите за 2016 година.


Понекогаш промената е добра, и овие деца заслужуваат да бидат слушнати. Но, барањата на либералните студенти активисти од Универзитетот во Јеил се малку луди.

Активистите од Јеил порачуваат: „Ние прозборувавме. Ние зборуваме. Обрнете внимание“. Тие имаат доста специфично барање - сакаат да ја исчистат катедрата за англиски јазик од колонијалистички предмети кои ги нуди факултетот и кој се фокусира на поети кои најчесто се бели мажи.

Студентите на Јеил кои студираат англиски најчесто ги учат осумте најголеми поети во литературата на англискиот јазик:  Џефри Чосер, Едмунд Спенсер, Вилијам Шекспир, Џон Дан, Џон Милтон, Александар Поуп, Вилијам Вордсворт, и Т.С. Елиот. Проблемот? Сите овие поети се белци.

„Неприфатливо е што студент на Јеил кој размислува да студира англиска литература да треба да чита само бели машки автори. Предметот англиски поети создава култура која е непријателски настроена кон студентите во боја“, вели еден студент активист.

Јеил нуди и други курсеви кои имаат различни писатели и различни дела. Но, студентите мораат да го завршат овој главен курс со низа на машки автори. За студентите, тоа е проблем. И не само затоа што сакаат повеќе „различност“, туку затоа што не сакаат да учат за луѓе кои починале.

Но, се разбира дека не е вина на катедрата за англиски јазик тоа што поголем дел од најдобрата поезија е напишана од богати белци. Не е фер тоа што богатите бели мажи доминирале со западната култура со векови, но сепак, таква е историјата. Студентите треба да се чувствуваат слободно да истражуваат како женските автори и авторите во боја биле малтретирани.

И не е само тоа што нивната наставна програма е премногу „бела“; некои студенти сакаат да создадат сегрегиран безбеден простор за студентите во боја, студентките, ЛГБТ студентите и слично. Така, студентите од Универзитетот во Аризона создадоа коалиција на самопрогласени обесправени студенти, асоцијација на црни студенти, асоцијација на азиски студенти, додека студентите од Универзитетот од Њујорк сакаат еден кат од зградата на кампусот да им биде отстапена на црните студенти, а уште еден на ЛГБТ студентите.

Студентите имаат право да се изолираат во групи, но постои добра  причина зошто универзитетите избегнуваат создавање на вакви групи. Нели целта на факултетите е да ги спои луѓето со различно потекло наместо да ги разделува?

Азиските студенти на колеџот во Оберлин, пак, се жалат дека нивниот оброк не го задоволувал нивниот стандард. Трети пак сметаат дека текилата и сомбрерото се навредливи, додека четврти мислат дека хинду пеењето треба да го применуваат само Хиндусите. Но, ништо не може да се спореди со еден студент на Универзитетот Сан Франциско кој нападнал бел човек затоа што се противел на неговите суканици. „Тоа е мојата култура“, објаснал студентот.

Студентите од Универзитетот Западен Вашингтон сакаат администрацијата да создаде студентски комитет од 15 лица за да следи „расистички, хомофобични, исламофобични однесувања на кампусот“ со што секој ќе биде предмет на формална истрага.

Не за оценките, тестовите и испитите

Студентите сакаат далекусежни промени во наставните програми, културното искуство и традиција на непречен слободен говор. Тие сакаат оценките и тестовите да бидат ограничени, ако не и целосно да се отстранат.

На Универзитетот Џон Хопкинс, администраторите не ги земаат во предвид оценките на бруцошите. Овие студенти иако добиваат оценки, сепак тие не се вклучени во нивните индекси. Сепак, оваа политика универзитетот ја исфрла од употреба.

Но, студентите активисти се противат на тоа. Студентката Ерика Таикс, ја обвинува администрацијата затоа што ја влошила нејзината вознемиреност.

„Плаќам да имам поддршка, академска и психичка. Не може од мене да се очекува да бидам добар студент ако сум во депресија и имам анксиозност. Ако училиштето ја влошува анксиозноста тоа е нивни проблем и тие треба да се одговорни за тоа“, вели таа.

Во меѓувреме, 1.300 студенти од колеџот Оберлин потпишаа петиција за оценката „С“ да ја направат најниска можна оценка, за да нема студент под просекот. Другите студенти мислат дека се потребни посебни сместувања за студентите кои се депресивни или вознемирени.

Ако може нешто да се заклучи од сето ова тоа е: современиот студент смета дека е угнетен, малтретиран и небезбеден. Тој мисли дека универзитетското образование е непријателско и тешко. Плаќаат доста пари за ова искуство и затоа треба да биде лесно и пријатно според нив.

Некогаш работа на професорите беше да ги ослободат младите луѓе од заблудите во врска со светот за да ги подготват за да успеат во животот. Но 2016 година можеби е година кога ќе се промени ова. Професорите и администраторите ги почитуваат барањата на студентите од страв за сопствената безбедност на работното место.

Со други зборови, причина да започнеме да мислиме дека студентите достигнаа ново ниво на лудило.