Последната фото-сесија на Мухамед Али

Последната фото-сесија на Мухамед Али

Подготвил: Драгана Петрушевска

Мухамед Али почина на 3 јуни. Додека семејството се подготвува за погребот во неговиот дом во Кентаки, на интернет се појавија фотографии од неговата последна фото-сесија.


Фотографиите биле направени од британскиот фотограф Зенон Тексира пред два месеци. За сликите, фотографот изјавил:

„Ја почуствував неговата аура. Беше апсолутно задоволство и привилегија да се фотографира една од најголемите икони кои ги имала оваа планета. Се чувствував благословен што го сретнав мојот животен спортски херој“.

Али ќе биде погребан во петок. Во меѓувреме, погледнете ги неговите последни фотографии.