Пристигнува училишна верзија на

Пристигнува училишна верзија на "Minecraft" создадена од "Microsoft"

Подготвил: Тамара Гроздановски

igra

 

Ако сте наставник кој е фрустриран поради тоа што децата постојано проверуваат „SnapChat“ и испраќаат пораки, сигурно мислите дека видео игрите се последно нешто што ви треба во училницата. Но, „Microsoft“ лансира нова верзија на играта „Minecraft“ која се обидува да го промени мислењето меѓу наставниците.


„Minecraft Education Edition“ е верзија од доста популарната игра  - до денес продадени се 100 милиони копии. Во играта, вашиот лик го истражува виртуелниот свет, избегнува напади од малициозни суштества наречени банди и конструира заштитно засолниште. Друга верзија од играта нуди играње без никаков стрес, ги отстранува бандите како и ограничувањата на ресурси.

Отворениот дизајн овозможува креативно истражување, па затоа училиштата започнаа да се насочуваат кон играта. Изданието на „Microsoft“ сега ја проширува програмата за тестирање, такашто секое училиште може да ја проба бесплатно. Конечната верзија ќе чини помеѓу 1 и 5 долари по ученик. Таа ќе има неколку разлики од обичната „Мinecraft“:

1. Ќе постои можност за соработка со што ќе им овозможи на 30 ученици да се приклучат на истиот виртуелен свет.

2. Алатки кој на учениците ќе им овозможат да преземат слики од екранот и да ја документираат нивната работа.

3. Табли и ликови кои наставниците ќе можат да ги користат за да  ги водат учениците.

4. Интеграција со постоечките алатки за најава на училиштата.

Се очекува и интерфејс за училницата што на наставниците ќе им овозможи да имаат мапа која ќе им покаже каде се ликовите на нивните ученици, и ќе можат да се телепортираат во светот за да ги посетат и да разговараат во играта.

„Microsoft“ исто така објави голем број на образовни проекти на својата веб страна, вклучувајќи и лекции за порастот на населението, уништувањето на шумите и математички концепти.