Викенд временска прогноза и какво време да очекуваме од наредната недела

Викенд временска прогноза и какво време да очекуваме од наредната недела



Денес е петок, 10 јуни 2016 година, 162-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:53, а ќе зајде во 20:11 часот. Денот ќе трае 15 часа и 18 минути.

Ова утро во поголем дел од Македонија имаме умерено облачно време со сончеви периоди, а само во еден дел од северните и во западните предели имаме претежно сончево време. Слична ситуација ќе се задржи и во текот на претпладневните часови.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во петок во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно со сончеви период, повеќе сончеви период ќе има во западните и северозападните предели. Попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Во југоисточните предели врнежите ќе изостанат. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 6 до 15 степени, додека пак максималните температури ќе достигнат до 18 односно до 28 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во петок претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне и навечер нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна до 26 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
- Во Македонија во сабота се очекува преодна стабилизација на времето, и ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Максималните температури од 22 до 32 степени. Претежно сончево со локална облачност во најголем дел од Македонија ќе биде и во недела, само во крајните северозападни, западни и североисточни предели со услови за врнежи од дожд. Температурите од 21 до 31 степен.

Во понеделник и вторник не очекува нова дестабилизација на времето кога Македонија ќе биде под влијание на циклонска циркулација, и продор на постуден воздух кој ќе услови и пад на дневните температури. Во понеделник максималните температури од 17 до 27 степени, а во вторник тие ќе се движат во интервал од 18 до 28 степени.

Weather4all.com.mk