Фановите на

Фановите на "Game of thrones" со нова теорија поврзана со враќањето на еден лик

Подготвил: Тамара Гроздановски

Внимание, спојлери!

 

тронови


Со објавувањето на фотографиите од претстојната епизода на „Game of thrones“, фановите на серијата веќе имаат развиено теорија за сенката во позадината на фотографијата погоре.

Се сеќавате на Сирио Флорел - човекот кој ја учеше Арја да мечува од 1-та сезона?

Фановите претпоставуваат дека сенката во позадина може да е токму овој лик. Сирио последно беше прикажан како се бори со група на витези кои се обидуваа да ја киднапираат Арја во 1 сезона, 8 епизода.

 

1


Арја му вели да избега, меѓутоа тој ѝ вели: „Првиот меч на Бравос не трча“. Сцената завршува додека Сирио и Мерин Трант се борат еден со друг, и не прикажува што се случува понатаму.

Дали ова значи дека треба да очекуваме овој лик да се врати?

Голем број на корисници на „Redditor“ коментираат дека силуетата навистина личи на Сирио Флорел.

 

1


Други велат пак дека Сирио може да е Човекот без лице.

 

2


А некои пак мислат дека Жакен и Сирио се истата личност.

 

3


Во четвртокот еден фан ја споделил неговата теорија на Твитер профилот на Милтос Јеролемоу, актерот кој го глуми Сирио Флорел, а тој испрати интересен одговор.



Дали овие емот икони значат дека тој навистина се враќа?