Норвешка стана првата земја која забрани сечење на дрвја

Норвешка стана првата земја која забрани сечење на дрвја

Подготвил: Тамара Гроздановски

Норвешка стана првата земја која престана со сечење на дрвјата - огромен чекор во контролирањето на глобалното уништување на шумите.

 


Во нивниот залог минатата година, норвешките пратеници исто така ветија дека ќе пронајдат начин да обезбедат основни производи како што е палмино масло, соја, говедско месо и граѓа за да остават минимално влијание врз нивниот екосистем. Ова е залог кој Норвешка го донесе на самитот за климата во 2014 година од ОН, заедно со Германија и Велика Британија.

Според Обединетите нации, производството на палмино масло, соја, говедско месо и производи од дрво придонесуваат за помалку од половина од вкупното тропско уништување на шумите.

Кога се чистат шумите и се палат, јаглеродот во дрвјата се ослободува како јаглерод диоксид - главните стакленички гасови кои предизвикуваат климатски промени.

Исто така, Норвешка ја покажа својата посветеност за почиста животна средина и на други начини. Во 2008 година, земјата ѝ даде на Бразил 1 милијарда долари за да ѝ помогне во борбата против уништувањето на шумите на Амазон - со што се намали уништувањето на шумите за 75% во последните седум години. исто така, земјата спроведува процес за ограничување на продажбата на автомобили со погон на гас до 2025 година.