Што би направил Бил Гејтс со само два долари?

Што би направил Бил Гејтс со само два долари?

Подготвил: Тамара Гроздановски

 гејтс

 

Во текстот кој Гејтс го објавил на неговата страна, тој нуди трикови со чија помош можете да живеете со само два долари дневно.


Гејтс, како еден од водечките светски филантропи, поминал доста време работејќи и помагајќи им на сиромашните во Африка, такашто го знае најдобриот начин за тоа како да живее со само два долари на ден. Во текстот кој тој го објави на својата веб срана, Гејтс нуди „трикови“ со чија помош можете да живеете два долари дневно.

„Она што јас би го работел е, одгледување на кокошки“, порачува Гејтс, а притоа ја објаснува неговата одлука.

„За нив е евтино и лесно да се грижиш, а тие можат да помогнат и во одржувањето на здравјето на децата бидејќи се непроценлив извор на храна“, вели Гејтс.

Јајцата помагаат во борбата против неухранетост, но тука е и можноста да се продаваат пилињата и притоа да се купува храна. И на крај, тие се одлична инвестиција.