Како телефоните го менуваат светот?

Како телефоните го менуваат светот?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Од 7 милијарди луѓе на светот, 6 милијарди имаат мобилен телефон. Ова е шокантно бидејќи само 4,5 милијарди луѓе имаат пристап до тоалет. Како телефонот го менува нашиот живот?


Веќе забележуваме проблеми со грбот, а тоа не е чудно бидејќи поминуваме просечно 4,7 часа дневно гледајќи во него, при што многу често, грбот ни е превиткан.

Се менуваат и навиките кај луѓето. Дури 93% од младите до 29 години денес ги користат телефоните кога им е здодевно. Користењето на телефонот влијае и на спиењето бидејќи тој испушта сина светлина, што прави да се чувствуваме будни. Затоа, не е добро да се користат телефоните пред спиење. Експертите порачуваат да не се користат телефони најмалку 2-3 часа пред спиењето.

Конечно, телефонот го менува и начинот на кој добиваме и користиме информации. Се' повеќе луѓе зависат од телефонот за интернет, а многумина преку својот телефон прават и банкарски трансакции.

Иако телефонот носи поволности со себе, факт е дека тој го менува човекот.