Одбрани најопасните земји во светот - На кое место се наоѓа Македонија?

Одбрани најопасните земји во светот - На кое место се наоѓа Македонија?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Австралија, заедно со многу други земји во светот, станала поопасно место за живот во последните години. Институтот за економија и мир направи листа од 163 земји според нивната безбедност.


Таканаречениот Глобален индекс на мир се прави веќе десетта година. Извештајот за него открива дека светот станал многу поопасно место во 2016, најмногу поради зголемената активност на терористите и поголемата политичка нестабилност.

Според извештајот, Сирија е најопасната земја во светот веќе втора година по ред, со оглед на тоа што таму се одвива најкрвавата цивилна војна во 21 век. По Сирија, најопасни места се Јужен Судан, Ирак, Авганистан и Сомалија. Јемен, Украина и Либија се наоѓаат во најопасните земји во светот и забележуваат најголем пад во однос на изминатите години.

ДР Конго, Пакистан и Северна Кореја, исто така, се наоѓаат во десетте најопасни земји во светот.

Исланд била прогласена за најбезбедна земја во светот по шести пат. По Исланд следуваат Данска, Австрија, Нов Зеланд и Португалија. Панама, Тајланд и Шри Ланка забележале најголеми подобрувања.

Македонија се наоѓа на 94 место од 163 земји на листата според безбедноста.

Иако поголемиот дел од терористичките активности се концентрирани во пет земји - Сирија, Ирак, Нигерија, Авганистан и Пакистан - тероризмот се шири низ светот.


Само 23% од земјите во индексот немале никаков терористички напад во последниов период. Според извештајот, тероризмот е проширен и е на највисоко ниво на активност во последните 25 години. Бројот на бегалци и имигранти се на ниво невидено во последните 60 години. Меѓу 2007 и 2016 година приближно 60 милиони луѓе избегале од своите домови поради војна.

„Има девет земји со над 10% од населението кои се бегалци, а над 20% од населението во Сомалија и Јужен Судан се бегалци, додека во Сирија тоа изнесува над 60%“, пишува во извештајот. Според истражувањето, 81 земја се подобриле во поглед на мирот.

Економското влијание на насилството на глобалната економија изнесува 13,6 трилиони долари, односно 13,3% од бруто производот на глобално ниво.

Најбезбедни земји

Исланд
Данска
Австрија
Нов Зеланд
Португалија

Најмалку безбедни земји

Сирија
Јужен Судан
Ирак
Авганистан
Сомалија