Почнуваат тренинзите во бесплатните Вип школи за пливање и тенис за деца од 6 до 16 години

Почнуваат тренинзите во бесплатните Вип школи за пливање и тенис за деца од 6 до 16 години

Од денеска започнуваат тренинзите во бесплатните Вип спортски школи од најновиот проект “Да спортуваме заедно”, со кој 400 деца на возраст од 6 до 16 години се дел од групите по пливање и тенис.


Во пресрет на летото, децата се израдуваа на можноста да научат да пливаат, а не беше помал ниту интересот за школата за тенис во која децата ја добиваат можноста да ги научат основите на овој спорт.

Часовите во школите ќе траат до 16 јули, со динамика од два часа неделно, а децата се веќе организирани и формирани се соодветни групи.
Пријавувањето се одвиваше преку специјално креираниот веб портал www.zaedno.mk каде сите заинтересирани можеа да се запознаат со критериумите за пријавување и деталите за активностите. 

Бесплатните Вип спортски школи ќе се одржуваат во Вип базен и на Вип тениските терени во рамките на Спортскиот центар “Борис Трајковски”, ќе ги раководат реномирани спортски тренери од Пливачката школа БЕТА и тренери од Тениската школа Борис Трајковски.
Покрај спортувањето , за сите дечиња во текот на одржувањето на часовите, Вип подготвува специјални изненадувања со што сака уште повеќе да го збогати доживувањето на младите рекреативци во текот на летниот распуст. 

Бесплатните спортски школи на Вип се проект со кој компанијата уште еднаш ја потврдува својата определба да вложува во заедницата каде што работи и живее, а со тоа да претставува пример во заедницата во која делува.

Контакт за медиуми оне.Вип:
Даниела Начевска Стојчевска
Корпоративни комуникации
тел. ++389 77 77 00 11
e-mail: daniela.nachevska-stojchevska@onevip.mk