Во Македонија невработени се 31 доктор на науки и 927 магистри

Во Македонија невработени се 31 доктор на науки и 927 магистри

Подготвил: Тамара Гроздановски

1

 

14.135 лица со високо образование немаат работа во Македонија, велат податоците од Агенцијата за вработување. Од нив 927 се магистри, а 31 се доктор на науки. Најмногу преовладуваат магистри правници и економисти, како и магистри и доктори од филозофските науки.


Овој тренд е во пораст секоја година. Причината за тоа треба да се бара во пониските критериуми за добивање на вакви титули, како и тоа што секој се запишува на факултет. Доколку се направи споредба со 2015 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 2.440 лица, од кои 2.202 (90%.2) се магистри и 238 (9.8%) се специјалисти.

Колку за споредба, во 2003 година имало 11 доктори на науки и 82 магистри кои немале работа. Во 2006 година исто така 11 доктори на науки и 147 магистри се воделе како невработени лица. Во 2009 бројката на невработени доктори на науки била 10, со 229 невработени магистри. Во 2012 имало 17 невработени доктори на науки и 764 магистри, за во 2014 година бројката на невработени доктори на науки значително да се зголеми на 24, со 965 невработени магистри. Во 2015 година работа чекале 31 доктор и 1.008 магистри на науки.