Повик за тренинг на контролори на летање во Холандија
„Eurocontrol“ нуди можност за тренинг на контролор на летање, по што би следувало работа во динамична организација. Потребни се луѓе за тренинг во Холандија.
Тренингот ќе започне во март 2017. Кандидатите треба да бидат помлади од 25 години, да имаат завршено средно образование (со предмети математика и англиски), да знаат англиски јазик, медицински да се здрави и да немаат обврска за воени активности на почетокот на тренингот.
Пријавувањето трае до 1 октомври.
Официјален повик.