Оглас за ангажирање на Проектен асистент во ЗНМ

Оглас за ангажирање на Проектен асистент во ЗНМ

znm
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), за потребите на тековен институционален грант ЦМ-ИНС-01 поддржани од страна на МЦМС кој се спроведува до март 2018 година а објавува оглас:

 

Работна позиција: Проектен асистент
Локација: Скопје
Времетраење на ангажманот: определено на 3 месеци, со можност за продолжување (полно работно време)

 

Клучни работни обврски:

 

– Управува со административното и канцелариското работење на здружението;
– Управува со архивата и архивското работење на организацијата;
– Обезбедува логистичко – техничка поддршка на извршната канцеларија и Управниот одбор на организацијата;
– Го планира и следи оперативниот буџет за работење на канцеларијата;
– Планира, следи,спроведува, координира и извршува други задачи во врска со: канцелариски простор, опрема, инвентар, пошта и телекомуникации;
– Врши други работи поврзани со членството на организацијата (ажурирање на база на членство) и обезбедување на бенефиции за членовите;

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

 

– Високо образование;
– Работно искуство со проекти финансирани од меѓународни донатори во рамки на граѓанска организација или фондација и тоа најмалку 1 година;
– Солидно познавање на Microsoft Office апликации (Word, Excel, Outlook, Powerpoint);
– Одлично познавање на англиски јазик, усна и писмена комуникација;
– Силни организациски вештини;

 

Секој заинтересиран треба да поднесе:

 

1. Копија од универзитетска диплома;
2. Кратка биографија;
3. Детали од работните обврски по позиции;
4. Писмо за мотивација;
5. Референци од претходни работни места;

 

Вашите документи потребно е да ги испратите на следната електронска адреса: contact@znm.org.mk до 24.06.2016 година до 15:00 часот со наслов "Апликација за Проектен асистент".
Само кандидатите/ките кои ги исполнуват критериумите ќе бидат повикани на интервју.