Како овој студент успеал да добие пракса без интервју

Како овој студент успеал да добие пракса без интервју

Подготвил: Тамара Гроздановски

Во денешно време, кога секој бара работа, тешко е човек да се издвои од останатите кандидати за работа.

 

резиме


Меѓутоа 21 годишниот Сумук Мехта успеал во тоа. Сумук се занимавал со создавање на CV-а за кандидатите за магистратура додека бил на колеџ, со што заработувал пари. Но, за него одлучил да направи нешто сосема различно.

 

1


„Сакав да работам во „GQ“ бидејќи сакав место кадешто ќе можам да го искористам моето знаење во маркетинг колку што можам покреативно“, вели Мехта.

 

2


За подготовка на неговото резиме му биле потребни три недели, а потоа го испратил директно во канцелариите на магазинот „GQ“ во Њујорк, Лондон и Мумбаи. Од компанијата биле толку многу воодушевени, што канцеларијата во Лондон му понудила практикантство без интервју токму поради неговата креативна идеја.