Стипендии од Факултетот за менаџмент во Трст (Италија)
Факултетот за менаџмент во Трст (Италија) објавува конкурс за доделување 20 стипендии на странските студенти за академската 2016/2017 година за студиите по меѓународен бизнис.
На конкурсот може да се пријават студенти кои имаат работно познавање на англискиот јазик. Стипендиите се во износ од 10.000 евра, што покрива 40% од школарината, а студентот го обезбедува останатиот дел.
Стипендистите ќе бидат одбрани на основа на личните професионални и академски достигнувања. За пријава е потребно да се има завршено најмалку прв циклус студии и најмалку тригодишно работно искуство.
Пријавувањето трае до 31 август.
Аплицирајте
ОВДЕ.