Конкурс за ангажирање лица за помош при организација на Европското првенство за кошаркари до 18 години во Скопје

Конкурс за ангажирање лица за помош при организација на Европското првенство за кошаркари до 18 години во Скопје

КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА ЗА ПОМОШ ПРИ ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ЗА КОШАРКАРИ ДО 18 ГОДИНИ ВО СКОПЈЕ
 

Македонската кошаркарска федерација  од 29 јули до 7 август 2016 е организатор на Европско првенство за кошаркари до 18 години Дивизија Б. На првенството покрај јуниорската селекција на Македонија ќе настапат уште 23 репрезентации и со 24 земји учеснички ќе биде најголемото младинско Европско првенство одржано до сега во Македонија. Натпреварите ќе се играат во спортските сали: ВИП Арена - Борис Трајковски, СЦ. Јане Сандански и салата на КК Вардар под Кале. Екипите и официјалните лица ќе бидат сместени во хотелите: Континентал, Александар Палас и Русија.

МКФ го објавува овој конкурс за ангажирање на лица кои ќе бидат дел од локалниот организациски комитет (ЛОК) и кои ќе придонесат за успешна организација на Европското првенство за кошаркари до 18 години во Скопје.

Ќе бидат избрани вкупно 40 лица, од кои 23 водичи (team attache) за гостинските репрезентации, 6 одговорни лица за хотели, оперативен менаџер, одговорен за дистрибуција на медиа материјали и  9 лица ќе бидат ангажирани во спортските сали.

                             
Заинтересираните можат да се пријават со испраќање на CV со фотографија на jane.petkovski@basketball.org.mk, со наслов „За конкурс за ЕП во Скопје“.

При испраќањето, задолжително е да се избере позицијата за која се аплицира:
- Оперативен менаџер - (асистира на менаџерот на првенството во секојдневните обврски, комуницира со сите водичи на репрезентации, со сите одогворни за хотели и со менаџерот за транспорт за успешно завршување на сите логистички операции)
- Одговорно лице за хотел - (лице кое располага со сите потребни информации за првенството и за екипите/официјалните лица сместени во соодветниот хотел и е на нивно располагање за ефективно решавање на сите нивни барања и прашања во рамките на хотелот)  
- Водич на репрезентациja | team atache  – (лице кое ја придружува екипата на тренинзи, натпревари и е одговорно за насоки и помош на својата екипа надвор од хотелот или спортската сала)
-Лице за опслужување на натпревари
-Лице за опслужување на тренинзи
-Лице за бришење на терен
-Одговорен за дистрибуција на медиа материјали од натпревари – (лице кое е задолжено за дистрибуција на видео снимките од натпреварите до екипите учеснички)


Пријавените треба да бидат на возраст од 18 до 25 години и со задолжително добро познавање на англискиот јазик.

Рокот за пријавување е до 04 јули 2016 во 16.00 часот.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани најдоцна до 10 јули 2016.

Ангажманите на избраните апликанти почнуваат на 27 јули и траат непрекинато до крајот на Првенството односно 7 август.