Отворени работни позиции во Џонсон Мети Скопје
Отворени работни позиции во Џонсон Мети Скопје
Локација: Скопје, Македонија
Еmission Control Technologies е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.
Џонсон Мети Скопје има потреба да вработи кандидати на определено време за период од два (2) месеци во повеќе оддели во фабриката за автокатализатори во Технолошко Индустриската Развојна Зона во Бунарџик – Скопје. Ви нудиме работа во високоразвиена динамична работна средина, со воспоставени системи и стандарди за квалитет, имплементирани процедури за заштита и безбедност при работа.
Имаме потреба од кандидати кои поседуваат способност за воспоставување на ефективни работни односи, брзо реагирање и прилагодување на работните услови и средина.
Бараме кандидати за вработување на следните позиции :
Оператори во магацин ( Warehouse Operators ) – Логистика
Оператори на линија ( Line Operators ) - Производство
Оператори за хемиски премази ( Chemical Coating Operators ) – Оддел за хемиски премази
Главни одговорности:
Следење на процедурите за работа и на спецификации, како и следење на куси рокови
Активен придонес кон активностите и перформансите на тимот заради исполнување на барањата во врска со зададените планови
Постојана грижа и одговорен пристап кон животната средина, здравјето и безбедноста во компанијата
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате ?
Минимум средно образование од техничките струки
Пожелно работно искуство во производствена средина или средина со хемиски процеси
За позицијата Оператори во магацин како предност ќе се смета познавање на магацинско работење, работа со вилушкар и поседување на лиценца
Претходно работно искуство со рачен и електричен палетар ќе се смета за предност за сите три позиции
Способност за следење и примена на дадените инструкции за работа
Способност и искуство за работење во куси временски рокови
Компетенции во основно користење на MS Office апликации (Word, Excel)
Сите позиции подразбираат работа во три смени и тоа: I смена 06:00 – 14:00; II смена 14:00-22:00; III смена 22:00-06:00; Сите позиции се привремени во времетраење од два ( 2 ) месеци
Доколку сте заинтересирани испратете ваша биографија на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com и задолжително наведете го референтниот број на огласот како и назнака за која позиција аплицирате, во предметот на пораката. Во спротивно вашата апликација нема да биде разгледана.
Краен рок за аплицирање : 01 Јули 2016
Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување