Како ова 15-годишно девојче стана ѕвезда на интернет?

Како ова 15-годишно девојче стана ѕвезда на интернет?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Арил Мартин (15) се обидела во повеќе активности надвор од училиштето пред да ја започне кариерата на социјалните мрежи. Фудбалот, танцот и гимнастиката никогаш не биле нејзин приоритет како што е оваа апликација „Musical.ly“.


Таа е позната за нејзините 10 милиони фанови како Бејби Арил, а моментално е најпознатиот корисник на „Musical.ly“. Социјалната мрежа за музички видеа има 90 милиони корисници, најмногу од кои се тинејџери.

Како Арил станала позната преку апликацијата?

Таа ја видела апликацијата од пријател и веднаш започнала да снима 15-секундни видеа од неа. Повеќето од нејзините видеа се од неа како ги пее најголемите хитови денес.

„Од почетокот, јас само бев своја. Правам видеа кои уживам да ги правам. Секогаш кога правам видео го правам за да направам некого среќен или да насмеам некого“, вели Арил.

Но, популарноста не е лесна. Таа често патува за да присуствува на церемонии, се среќава со фановите и има интервјуа. Пред два месеци, таа се префрлила на онлајн-часови за да има време за образованието.

hold up, wait a minute, let me back track ⏱🔫 @musical.ly

A video posted by Baby Ariel (@babyariel) on



Еден нејзин ден започнува со прошетка со мајка си. По брзо туширање, таа пишува домашна работа. Кога доаѓа време за „Musical.ly“, таа одбира песна која ѝ се допаѓа тој ден, го учи текстот, вежба кореографија и го снима видеото. Таа некогаш троши до 7 часа уредувајќи едно видео за нејзиниот канал на „YouTube“.

Таа започнала и да заработува преку овој канал. Нејзините родители се одговорни за финансиите и бизнисот, а Арил се фокусира само на фановите.