Математичкиот генијалец кој ја продаде својата компанија на

Математичкиот генијалец кој ја продаде својата компанија на "Apple"

Подготвил: Тамара Гроздановски

Jaн Ерик Солем е шведски претприемач кој е решен да го истражува секој агол и секоја пукнатина од оваа планета.

 

 genijalec


Неговата прва компанија, „Polar Rose“ успеа да ја продаде на „Apple“ во 2010 година, за приближно 25 милиони долари. Овој професор по математика од Шведска, после продажбата на компанијата која создава софтвер за препознавање на лицето, сега планира нешто поголемо.

Тој е основач и извршен директор на „Mapillary“, компанија чија цел е да го истражува светот преку „GoPro“ слики. Компанијата досега собра 66 милиони слики, кои покриваат 1.6 милиони километри улици, патишта и автопати.

Јан Ерик ја истакнува својата цел: „Сакаме нашата компанија да биде првото нешто на кое луѓето ќе помислат кога купуваат нова куќа“.

 

1


Иднината е светла за „Mapillary“, иако за бизнис моделот се'уште се нема одлучено. Моментално, идејата е да се задржи услугата бесплатно, меѓутоа да им се наплаќа на општините и компаниите кои сакаат да ја користат. Компанијата неодамна зеде пари од Силиконската долина врз основа на капитал од фирмата „Sequoia“, а за време на конференцијата „The Brilliant Minds“ во Стокхолм, ова беше една од неколкуте компании поканети да зборуваат за публиката.