Факултетите во САД започнуваат со програми кои нудат отворени образовни ресурси

Факултетите во САД започнуваат со програми кои нудат отворени образовни ресурси

Подготвил: Тамара Гроздановски

1

 

Голем број студенти постојано се жалат за високата цена на учебниците кои нивните професори им ги наметнуваат за учење. И ова не е вообичаена пракса само кај нас. Насекаде низ светот, студентите мораат да платат доста високи цени за учебниците, а често пати овие трошоци се причината што тие не можат да дипломираат. Имено, голем дел од нив ги наведуваат трошоците за учебниците како голема финансиска бариера.


Знаејќи го овој проблем, мрежата за реформи во Америка „Achieving the Dream“ објави иницијатива за отстранување на некои од финансиските оптоваувања кои традиционалните оразовни ресурси им ги поставуваат на студентите. Во наредните три години, 38 општествени колеџи во 13 држави во Америка ќе создадат програми за образование со отворени образовни ресурси. Нивната цел не е само да го намали финансискиот товар на учениците, туку и да ги поттикне студентите да учат поангажирано со што ќе се охрабрат студентите да учествуваат поактивно.

„Овие средства не се користат толку ширко како што би можеле да се користат во високото образование“, изјави претседателот на „Achieving the Dream“, Карен Стаут.

Колеџите кои ќе учествуваат имаат околу 500.000 студенти. Овие колеџи ќе создадат цели програми користејќи ги овие отворени извори во четири две годишни програми: бизнис администрација, општо образование, општествени науки и информатика. Новите програми ќе бидат достапни за најмалку 76.000 студенти низ институциите.

Иницијативата доби 9.8 милиони долари финансирање од конзорциум на инвеститори, вклучувајќи ја и Вилијам и Флора Хевлет фондацијата, како и Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс. „Филантропијата во високото образование претежно е насочена кон институциите кои нудат четиригодишно образование. Студентите на колеџите се во мошне незавидна состојба. Веруваме дека колеџите можат да ги користат овие отворени образовни ресурси за подобрување на успехот на учениците“, изјави Ти Џеј Блис од Хевлет фондацијата.

Во текот на изминатите 30 години, Глен Дибоа, ректор на колеџот во Вирџинија е фрустриран поради цената на материјалите за курсот. „Цената на учебниците е најголемиот грабеж во високото образование. Премногу студенти се пријавуваат и го започнуваат семестарот без учебници“, вели тој.

Цената не е единствениот мотивирачки фактор. Тука е и ангажирањето на колеџот и студентите и нивното поттикнување на нови начини на настава и учење. „Ова навистина отвора цел нов свет на стипендии како и мотивација студентите да објавуваат и да бидат креативни“, вели Дибоа.

Во текот на следните три години, „Achieving the Dream“ ќе дејствува како посредник помеѓу колеџите кои ќе учествуваат со менаџирање на грантовите за нив и надгледување на спроведувањето, додека фирмата за истражување „SRI International“ ќе ја оценува иницијативата и ќе следи какво влијание ќе имаат овие отворени ресурси врз студентите.