Последен хит во студентските домови - Rakija to GO

Последен хит во студентските домови - Rakija to GO

Подготвил: Драгана Петрушевска

Ракијата е популарен пијалак во Макеоднија, но и во регионов. Така, во Хрватска се појавил нов производ популарен во студентските домови - Rakija to GO.


Се работи за иновативно пакување на пијалакот кој е лесен за носење, а доаѓа во неколку различни вкусови. Во едно пакување содржи 0,2 децилитри ракија.

Златан Ребец, иницијаторот на целата приказна и сопственикот на компанијата која го става производот на пазарот, пронашол квалитетна ракија кај извесниот Игор Магдиќ, со кого започнал соработка.


Производот веќе е популарен во хрватските студентски домови, а се преговара за негово пласирање на австрискиот и унгарскиот пазар.

Планирано или непланирано, ракијата е најпопуларна во студентските домови. Едно пакување чини 10 куни, што е околу 80 денари.