Дали конечно е откриена причината за појава на аутизмот?

Дали конечно е откриена причината за појава на аутизмот?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Едно во 68 деца има аутизам. Тоа значи дури 3,5 милиони Американци. Освен тоа, бројот на деца родени со аутизам се зголемил значително од 2000 година. Ризикот пораснал од 6% во 2002 на 15% во 2010 година. Децата со аутизам почнуваат да зборуваат подоцна од останатите деца или имаат проблеми со говорот, имаат потешкотии при сфаќањето на апстрактните концепти и немаат социјални вештини.


За жал, никој не знае која е причината за оваа состојба и зошто таа станува се' почеста. Но, ново истражување можеби ќе открие нешто повеќе за тоа. Истражувачи од медицинскиот колеџ „Бејлор“ имаат хипотеза дека аутизмот можеби е предизвикан од одредени бактерии.

Тие работеле на истражување со глувци. Тие откриле илјадници бактерии во утробата кои можеби се поврзани со хемијата во мозокот. Епидемиолошки истражувања покажуваат дека за време на бременоста, зголемената тежина на мајката го зголемува ризикот од аутизам. Бебињата го преземаат микробиомот на мајка си за време на раѓањето.

Таканаречената „епидемија на здебелување“, која се појавила од 2000 година, може да го објасни порастот на случаи со аутизам.

Тимот од „Бејлор“ сакале да ја тестираат оваа теорија па хранеле повеќе бремени глувци со мрсна храна повеќепати дневно додека друга група бремени глувци добивале нормална храна. Тие потоа ја анализирале композицијата на бактериите во утробата на глувците. Двете групи имале различни бактерии.


Потомците на глувците во групата со висококалорична исхрана покажувале проблеми во однесувањето. Научниците продолжиле со експериментите за да ја откријат специфичната бактерија која ги предизвикала проблемите во однесувањето и откриле бактерии чиј недостаток може да предизвика аутизам - Lactobacillus reuteri.

Истражувачите откриле дека овие бактерии значајно го подобрувале социјалното однесување. Тие откриле дека Lactobacillus reuteri го поттикнува производството на окситоцинот, познат како сврзувачки хормон.