Во Финска објавена петиција за одржување референдум за излез од ЕУ

Во Финска објавена петиција за одржување референдум за излез од ЕУ

Подготвил: Драгана Петрушевска

Во Финска била објавена петиција за одржување референдум за членството во Европската унија како што се одржа во Велика Британија изминатата недела.


Идејата за петицијата била дадена од националистичката Партија на Финците во земјата. Досега биле собрани над 10.000 потписи. Себастијан Тинкинен, лидер на Партијата на Финците кој ги поддржи Британците во референдумот за излез од Европската унија, пуштил петиција за да собере доволно потписи за одржување таков референдум во Финска.

Досега се собрани над 10.000 потписи, а потребни се над 50.000 за да се прифати предлогот. Европската унија предизвикала хаос во Европа, вели Тиникен, посочувајќи дека на Финска ѝ е потребен референдум за да „се ослободи“.



Велика Британија одржи референдум во четвртокот на кој над 51% од гласачите се изјасниле дека сакаат излез од Европската унија.

Во април, финскиот парламент дебатирал за иднината на земјата во поглед на еврозоната. Дебатата се одржила по петиција за одржување референдум за напуштање на еврото.