Програма за млади професионалци на Светска банка
Програмата за млади професионалци е уникатна можност за младите таленти кои имаат страст за меѓународен развој да работат во групацијата Светска банка.
Програмата е дизајнирана за професионалци во областите: економија, финансии, образование, јавно здравје, социјални науки, инженерство, урбано планирање, агрикултура, природни ресурси, комуникации, информациска технологија, човечки ресурси и корпоративни финансии. За да се пријавите треба да имате најмногу 32 години, да имате докторска или магистерска диплома и релевантно работно искуство, да зборувате англиски.
Пријавувањето трае до 27 јули.
Повеќе информации пронајдете
ОВДЕ.