Интересни знаци кои покажуваат дека сте креативни

Интересни знаци кои покажуваат дека сте креативни

Подготвил: Драгана Петрушевска

Креативноста нема граници. Многумина го имаат талентот но не се свесни дека се креативни. Вие можеби сте еден/една од овие луѓе. Како да познаете дека сте креативни?


Сакате да решавате проблеми

Без разлика дали е играње судоку или пишување домашна, уживањето во решавањето проблеми може да биде знак на креативен ум.

Мотивирани сте


Во мотивацијата постои нешто што ни помага да ги постигнеме своите цели и да го правиме она за што сме страстни. Колку е повисока мотивацијата, толку може да биде поголема креативноста.

Храбри сте

Успехот не се постигнува преку ноќ. Треба да паднете многу пати за да успеете. Томас Едисон е пример за креативец кој морал да падне многупати пред да успее.

Сакате да играте


За време на играта, луѓето не се нервозни и се релаксираат. Додека мозокот е во оваа состојба, креативноста слободно тече и помага во добивањето нови идеи.

За вас нема граници

Никој не треба да се ограничува во своите способности. Луѓето се способни за многу повеќе отколку што мислат.

Сочувствувате со другите

Креативците ги разбираат луѓето. Тие се загрижени за она за што размислуваат и чувствуваат луѓето. Како креативна личност, сакате да го користите разбирањето на другите чувства за да им помогнете ним или да си помогнете себеси.

Мечтаете

Пуштањето на мозокот да мечтае можеби звучи бескорисно, но помага во развивањето на креативноста бидејќи во време на мечтаењето постојано сте во дијалог со сопствените мисли.

Сакате да пробувате нови работи

Различните искуства се од огромно значење за креативните луѓе. Без разлика дали станува збор за менување хоби, одење на различни локации и слично, разните искуства го збогатуваат умот.