Места кои ги враќаат парите доколку заврне

Места кои ги враќаат парите доколку заврне

Подготвил: Драгана Петрушевска

„Аbbronzati o rimborsati“ на италијански значи да си ги добиеш парите назад. Тоа е начинот на кој одморалиштата во северозападниот дел од Италија се обидуваат да ги остават своите посетители задоволни за време на слабиот почеток на летото.


Две плажи во Јесоло, северно од Венеција, се толку очајни во привлекувањето на посетителите што се решиле да понудат договор со кој на гостите им се нуди рефундација доколку врне за време на нивниот престој. Договорот се однесува на секој турист кој ќе го помине летниот одмор во Јесоло.

„Се обидуваме да го направиме Јесоло морска дестинација која е популарна за туристите од Италија и Европа“, велат претставници на одморалиштата.

Според договорот, туристите кои ќе платат едно евро повеќе кога изнајмуваат чадор ќе добијат комплетна рефундација ако нивниот ден е уништен поради дожд, но ова важи само доколку има над 3 милиметри дожд меѓу 11 и 17 часот.


Околината на Венеција привлекува над 20 милиони посетители секоја година. Меѓутоа, Јесоло има проблеми со туризмот годинава поради лошото време во јуни.

Порано месецов градот бил погоден дури и од торнадо. Лошото време е причина за пад во туризмот за 18% месецов, со што овој јуни е прогласен за најлош во последните 20 години.