Оглас за вработување во ФИНКИ

Оглас за вработување во ФИНКИ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Универзитет „Св. Кирил и Методиј" - Скопје Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство IO

Врз основа на член 131 и член 135, став 1 од Законот за високо образование и член 34 од Правилникот за критериумите и постапкатаза избор во наставнонаучнни, наставно стручни и соработнички звања и асистентидокторанти на Универзитетот Св. Кирил и Методиј" - Скопје, Деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје распишува:

КОНКУРС За избор во наставнички звања

1. избор на еден наставник во сите наставно научни звања во сите наставно научни области од наставно - научното поле информатика и наставно научното поле компјутерска техника и информатика

Услови:
Кандидатите покрај општите услови треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени Законот за високо образование и Правилникот за критериуми и постапката за избор во наставно научни, наставно стручни и соработнички звања и асистенти докторанти на Универзитет „Св. Кирил и Методиј" - Скопје.

Работното време ќе биде утврдено согласно на распоредот за часови.

Платата за позицијата 1се движи во рамките од 30.000,00 до 44.000,00 денари.

Кон пријавата кандидатите треба да достават: пријава по конкурс во кои ќе стои за која позиција се пријавуваат, документ за завршено соодветно образование (странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оцените), кратка биографија, уверение за државјанство, список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовитекопија);

Документите се поднесуваат во оригинал или копија заверена на нотар
Пријавите кои не се потполни нема да бидат разгледувани.

Пријавите се поднесуваат најдоцна 8 дена од објавување на конкурсот во Деканатот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, ул. Руџер Бошковиќ 16, Скопје.
Факултетза информатички науки и
компјутерско инженерство