Повик за работилница

Повик за работилница "Интер-етнички дијалог и соработка помеѓу младите во Македонија"


Институтот за истражување на политики и добро владеење во соработка со Здружение на студенти по психологија „Психеско“, во склоп на проектот “Интер-етнички дијалог и соработка помеѓу младите во Македонија” одржува еднодневна мултиплицирачка работилница на истата тема.

Работилницата ќе се одржи на 02.07.2016 (сабота) од 11:00 - 16:00 часот во просториите на Младински клуб - Скопје. Во текот на работилницата е предвиден и ручек покриен од страна на организаторите.

Избраните учесници ќе бидат известени најдоцна во четврток (30.06.2016) телефонски или преку e-mail.

Доколку сакате да учествувате пријавете се овде: https://docs.google.com/forms/d/175OmMWwrq19UDQneJeG82OsqiudcVwerj6XiiwrJDPY/viewform