Сакате да патувате во САД? Подгответе ги податоците од вашиот Фејсбук

Сакате да патувате во САД? Подгответе ги податоците од вашиот Фејсбук

Подготвил: Драгана Петрушевска


Министерството за внатрешни работи во САД размислува за нов закон со кој од странските посетители во САД би се барале информации за нивните профили на социјалните мрежи.

Од патниците би се барале информации поврзани со онлајн-активностите, како кориснички имиња на сите социјални мрежи каде што се активни.

Од Министерството велат дека овие информации би им помогнале во постоечките истражни процеси и тие би имале полесен пристап до било каква несакана активност.

Но, планот веќе оди наназад и се повлекува. Не е јасно што сакаат да прават властите со информациите кои би ги имале, велат од Центарот за демократија и технологија.