ТТК Банка А.Д. Скопје објавува оглас за вработување

ТТК Банка А.Д. Скопје објавува оглас за вработување

ТТК Банка А.Д. Скопје објавува: 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО

Референт на благајна во Експозитура Гостивар
(1 извршител со договор на определено време, со можност за продолжување)

Потребни квалификации и способности (услови што се бараат за вршење на работата):
Минимум Средно стручно образование
Познавање на англиски јазик и компјутери
Комуникациски и аналитични вештини
Иницијативност
Самостојност
Креативност
Индивидуална и тимска работа
Идентификација и решавање на проблеми
Интензивна концентрација
Лојалност
Висок личен интегритет и одговорен пристап кон работата
Работно искуство во банка или финансиска иснтитуција ќе се смета за предност

Краток опис на работно место:
Благајничко работење и работење во платниот промет согласно упатствата и законската регулатива
Безготовински платен промет во земјата и во странство
Готовински уплати и исплати
Брз трансфер на пари
Менувачки работи
Трезорско работење
Отварање, сервисирање и затварање на трансакциски сметки
Продажба и сервисирање на депозитни производи на банката
Продажба и сервисирање дебитни и кредитни картички
Трајни налози
Продажба на сервисот Електронско банкараство

Работно време:
40 часовно неделно работно време распоредено во рамки на работното време на Експозитурата (од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот и во сабота од 09:00 до 13:00 часот).

Почетна основна нето плата: 17.500,00 денари

Останати информации:
Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати. Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо најдоцна до 04.07.2016 година, со назнака: „Апликација за благајник во експозитура Гостивар“ на следната адреса: ТТК Банка АД Скопје, ул. Народен Фронт 19а, 1000 Скопје или на е-маил адресата: hr@ttk.com.mk. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.