Успешно спроведен проект на ФБЕ и Државниот Универзитет на Њу Јорк, Платсбург

Успешно спроведен проект на ФБЕ и Државниот Универзитет на Њу Јорк, Платсбург


 
Во текот на летниот семестар во академската 2015/2016-та година, беше имплементиран заеднички проект на Факултетот за бизнис економија – Скопје и State University of New York (SUNY), Plattsburgh. Проектот траеше од 7ми февруари до 10-ти мај, 2016-та година. Целта на проектот беше да се промовираат популарни македонски производи во САД, односно во областа околу Њу Јорк. Ова претставуваше начин да се стават студентите од двата факултети во меѓународна работна околина, каде што треба да се сретнат и да ги надминат предизвиците карактеристични за овој специфичен сетинг.

Иницијално беа одбрани 4 „производи“ со македонско потекло:

1. Ајвар – како едно од најпопуларните македонски јадења
2. Охрид – како најпознатото и историски важно место во Македонија
3. Маџун – здрава алтернатива за шеќер, со голем потенцијал во САД
4. Бело сирење – прилично различно од регуларното сирење кое е достапно во САД



Рекламите беа создадени на англиски јазик, а беа преадаптирани и таргетирани за да ја освојат американската публика. Македонските студенти обезбедуваа информации и фидбек за производите и постоечките рекламни содржини, додека пак американските студенти ги адаптираа содржините за нивната таргет група.

Координатори на проектот беа м-р Мартин Киселички од ФБЕ (Македонија) и проф. д-р Richard Gottschall од SUNY (САД). Проектот ќе продолжи да се имплементира идниот семестар, како интегрален дел од предметите од маркетинг областа, со тоа што ќе бидат вклучени и други универзитети од Европа.