Британскиот град каде 75% од луѓето гласаа за напуштање на ЕУ

Британскиот град каде 75% од луѓето гласаа за напуштање на ЕУ

Подготвил: Тамара Гроздановски

Одзивот на гласањето на референдумот на ЕУ минатата недела беше висок во Бостон, Јужен Линколншир: 77% од жителите излегле на гласање, во споредба со националниот просек од 72%.

 

zemja


Исто така, Бостон беше градот со најголем процент на про-Брексит гласачи во Велика Британија. Од 39.363 луѓе, 22.974 (75.6% од гласачите) гласале за напуштање на ЕУ, додека 7.430 гласале Британија да остане во ЕУ и 8.959 не гласале. Што луѓето од овој град велат и како тие размислуваат во врска со Брексит и излегувањето на Велика Британија од ЕУ?

„Знам дека сите паничат, меѓутоа верувам дека Британците се единствен и посебен народ, кој може да се издигне над сето ова, како што сме направиле во минатото. Мислам дека ќе излезе посилна. Имам штанд на пазар и 90% од моите клиенти се странци. Мислам дека нема да бидат испратени дома, и мислам дека луѓето добиле погрешни инструкции за тоа како треба да гласаат. Ако луѓето гласале исклучиво врз основа на фактот што од Бостон ќе се иселат многу луѓе, тоа нема да се случи“, вели 52 годишниот Кели Брендон кој гласал за излегување од ЕУ.

 

1


„Резултатите од референдумот можат негативно да влијаат врз економијата, но од друга страна Велика Британија станува се' повеќе независна, па можеби ќе може да ги контролира имигрантите кои доаѓаат во Велика Британија. Тука дојдов да учам англиски, но е многу тешко со оглед на тоа што во фабриките често се зборува руски или литвански. Однесувањето на некои емигранти не е толерантно - во Литванија нема ваков вид на однесување. Очекував повисоко ниво на култура, а тоа тука го нема“, вели 18 годишната студентка Бернадета од Литванија.

„Луѓето повеќе не изгледаат толку пријателски настроени. Заедницата е променета и мислам дека доволно трпевме. Ни ги зедоа работните места, продавниците, стоматолозите, докторите и мислам дека е доста“, вели 31 годишната Кели Горинг која гласаше Британија да ја напушти Унијата.

 

2


„Многу луѓе не работат и пијат алкохол. Јас работам напорно, секој работи напорно. Полјаците кои живеат тука не работат, а добиваат придобивки. Ако живеат тука, треба да зборуваат барем малку англиски јазик“, вели Селук, кој живее во Британија 15 години.

„Мислам дека голем дел од луѓето гласаа поради сосема погрешни причини. Мислам дека луѓето се плашат од имиграција, и од бројот на луѓето кои дојдоа. Ако човек гласа за заминување тогаш тој се смета за десничар, екстремист што е глупост“, вели 70 годишниот пензионер Мајк.

 

3


„Не гласав бидејќи во секој случај политичарите не слушаат. Премногу луѓе се излажани и мило ми е што сум воздржана. Ако гласав ќе гласав за заминување бидејќи мислам дека треба да си го вратиме производството“, вели 24 годишната Клои.