Какво време не` очекува до крајот на неделата?

Какво време не` очекува до крајот на неделата?



Денес е среда, 29 јуни 2016 година, 181-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:56, а ќе зајде во 20:15 часот. Денот ќе трае 15 часа и 18 минути.

Претежно облачно утро имаме денеска во Македонија. Во делови од североистокот како и југоистокот имаме само повремени сончеви периоди. Во утринските часови ќе продолжи оваа облачност да се намалува.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес во утринските и раните претпладневните часови ќе биде умерено облачнно со повремени сончеви периоди, а попладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, потопло и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури од 12 до 20 степени, додека пак максималните температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 22 до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес во утринските часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а во текот на денот претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна ќе достигне до 30 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во четврток сончево и многу топло со пораст на максималните температури кои ќе се движат од 27 до 38 степени. Во петок претежно сончево, попладне и навечер во североисточните, источните и југоисточните предели нестабилно со услови за локални врнежи од дожд и температури од 28 до 38 степени. Претежно сончево и топло со идентични дневни температури не очекува и во сабота, а услови за локални врнежи ќе има во севозападните и североисточните предели. Во недела претпладне претежно сончево и топло, попладне со локални врнежи од дожд и дневни температури кои ќе се движат од 27 до 37 степени.

Weather4all.com.mk