Лекции од градинка според кои треба да живееме

Лекции од градинка според кои треба да живееме

Подготвил: Тамара Гроздановски

Сите оние кои постојано контактираат со деца знаат дека тие се полни со мудрости. И често, најважните животни лекции ги учиме токму од децата или од градинката или училницата.

 

лекции


Всушност, кога навистина ќе размислите, поголемиот дел од најважните лекции кои ги учиме за социјалите интеракции, дружењето, почитувањето еден со друг и се разбира, боењето ги учиме на возраст од 3 до 6 години.

Сепак, како што напредуваме низ тинејџерските години до зрелоста, овие знаења започнуваат да исчезнуваат од нашата меморија. Затоа, време е да се потсетиме на основата. Во продолжение прочитајте ги животните лекции кои од градинка кои вреди да ги помниме целиот наш живот.

1. Запознавајте нови пријатели, но задржете ги старите


Во градинка децата често пати се преместувани, па така Ана пред една недела седела до Игор, но денес седи до Симона. И додека првите неколку моменти се непријатни, до крајот на денот децата имаат нов/а најдобар/ра другар/ка.

Додека промената на рутината не е секогаш најпријатна, сепак таа е важен дел од личниот раст. Кога созреваме, наставниците не се тука за да не' турнат во непознатите социјални околности, па затоа на нас останува да го направиме тоа и да се изложеме себеси на нови општествени кругови.

2. Делете ги боичките

Живееме во себичен свет, свет во кој повеќето од нас се толку опседнати со сопствените мисли и животи, што е вистинска борба да се сетите да ја придржите вратата од лифтот за некого.

Доколку погледнеме во училницата, ќе пронајдеме еден многу поубав свет, каде делењето на боичките не само што се охрабрува туку и со тоа боењето е уште позабавно и попријатно.

Ова важи и кога ќе пораснеме. Делењето на многу работи - од предмети до убави зборови и комплименти, со вашите пријатели и семејство е толку добро поради многу начини.

3. Придржувајте се кон правилата во дворот


Балансирањето меѓу работата и животот е тешко за една возрасна личност. Без времето за одмор, лесно е да се заборават придобивките од играта.

 

лекции


Затворете ги вашите лап топи и паметни телефони почесто и уживајте во старомодната забава на отворено. На тој начин ќе се потсетите на правилата во дворот: бидете трпеливи, чекајте го вашиот ред, не ги окупирајте сите лулашки, не удирајте и слично.

4. Дремката е и тоа како одлична

Понекогаш потребен ни е „рестарт“. Исто како малите деца, голем дел од возрасните не ни сфаќаат дека се нерасположени и мрачни. Лесно е стресот да ни го преземе животот - и ние не сме ние кога ни се спие или кога сме уморни.

Затоа, создадете време да се одморите и малку да поуживате.

5. Ставете ги работите онаму кадешто сте ги нашле

Ова воопшто не треба ни да се напоменува, но за жал не е секогаш прво нешто во умот на возрасните. Почитувањето на околината околу нас и чистењето е лекција од градинка која дефинитивно треба да ја применуваме во текот на целиот живот.

Добро би било кога човек би се водел по правилото: Оставете го местото во подобра состојба отколку што сте го нашле. Без разлика дали станува збор за животната средина, отворен простор или вашиот дом, ова е животно правило кое ќе го направи светот подобро место за живеење.